Корејскиот Полуостров одбележува 64 години од завршувањето на Корејската војна

Од:

На Корејскиот Полуостров денеска се одбележува 64-годишнина од завршувањето на Корејската војна и од влегувањето во сила на спогодбата за прекин на судирите, која тогаш беше договорена, јави ДПА.

Јужна Кореја им оддава почит на војниците, кои загинале за време на судирите, кои траеја од 1950 до 1953 година и завршија на 27 јули 1953 година со спогодба за прекин на борбените дејствија. Северна Кореја тој ден го нарекува Денот на победата, кој и за неа е празник.

Изминатите недели се појавија информации дека Северна Кореја за денеска можеби подготвува нова ракетна проба, која ќе се совпадне со празникот. Портпаролот на Пентагон, капетанот од военопоморските сили Џеф Дејвид вчера сепак ги отфрли тие информации како шпекулации.

На 4 јули Северна Кореја успешно истрела меѓуконтинентална балистичка ракета. Еден ден потоа САД и Јужна Кореја организираа заеднички балистички ракетни вежби, кои имаа цел да и дадат предупредување на Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот