Корбин се извини за поразот на лабуристите

Од:

Лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин им се извини на приврзаниците заради големите загуби на неговата партија на изборите.

Во написи објавени денеска во британските весници „Сандеј Мирор“ и „Обзервер“ тој го призна неуспехот на партијата на изборите и ја прифати својата одговорност за тоа.
„Нема да заобиколувам, резултатот е тежок удар за секој на кого очајнички му беше потребна вистинска промена во нашата земја. Жал ми е што потфрливме и јас ја преземам одговорноста за тоа“ напиша Корбин во отвореното писмо до „Мирор“, пренесе Би-Би-Си.

Конзервативците на премиерот Борис Џонсон осовија убедливо мнозинство на општите избори во четвртокот, и тоа е нивната најголемата победа во последните 30 години, потиснувајќи ги лабуристите дури и од нивните традиционални упоришта.

Спротивно на нив, лабуристите го доживеаја најголемиот пораз од 1935 година.

Корбин кажа дека неговата партија ќе извлече поуки од поразот и вети дека подобро ќе ги слушаат традиционалните избирачи на лабуристите кои загубија и во работничките средини.

-Оваа партија постои за да ги претставува, ќе ја повратиме нивната доверба, рече Корбин.

Лидерот на лабуристите за кого се предвидува дека ќе отстапи на почетокот на идната година, додаде дека партија е решена да ја поврати довербата на своите долгогодишни гласачи, кои во меѓувреме ја напуштија.

Прелиминарните разговори за избор на нов лидер на партијата најверојатно ќе почнат идната недела, Корбин веројатно својата одлука за заминување ќе ја донесе на специјална седница на почетокот на јануари. Лиса Ненди и Џес Филипс се појавуваат како имиња на можни кандидати за негов наследник на чело на партијата.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он