Корбин: Не е прашање дали, туку кога Лабуристичката партија ќе се обиде да предизвика предвремени избори

Од:

Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин изјави во интервју за весникот „Индипендент“ дека прашањето не е дали, туку кога неговата партија ќе спроведе гласање за недоверба на Владата, со цел да се обиде да предизвика предвремени избори.

Според Корбин, таков исход ќе биде неизбежен доколку премиерката Тереза Меј не ја добие поддршката од Парламентот за својата политика околу прашањето за Брегзит.

– Јасно кажавме дека прашањето не е дали, туку кога побараме гласање за недоверба на Владата и очевидно ќе го направиме тоа, бидејќи довербата во кабинетот е многу мала, што пчекувам да се случи откако ќе го загубат гласањето за договорот за Брегзит, истакна лидерот на лабуристите.

Корбин освет тоа ја повика британската премиерка да го свика предвреме Парламентот по Нова година за да можат пратениците да гласаат за договорот за Брегзит.

Следните редовни избори се во 2022 година, но може да има и предвремени доколу Меј не успее да ја спроведе својата најважна политика во Парламентот. Минатата недела Корбин изјави дека доколку победи на евентуални предвремени избори следната година ќе го продолжи патот на Брегзит, но ќе се обиде да ги предоговори условите за излез од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници