Корбин: Мора да се оди со преговори за излез на Велика Британија од ЕУ

Од:

Лидерот на британските опозициски лабуристи, Џереми Корбин изјави денеска дека не може да дојде до одложување на Брегзит и оти преговорите за излегување на Велика Британија од Европската унија мора да продолжат.

– Мора да се оди со преговори, бидејќи е покренат членот 50, а владата има 11 дена да ги спроведе преговорите за Брегзит, рече Корбин, одговарајќи на прашање дали прегворите, кои треба да почнат на 19 јуни, може да бидат одложени.

Корбин нагласи дека ставот на лабуртистите е јасен и дека треба прво да се реши прашањето за вработувањата, така што најважна работа е трговската спогодба со Европа.

Коментирајќи ги резултатите од вонредните парламентарни избори, Корбин изјави дека тој смета оти лабуристите се победници, бидејќи освоиле повеќе места во Парламентот и повеќе гласови на граѓаните.

Тој нагласи дека и неговата партија е подготвена да ја предводи малцинската влада.

Конзервативците на Тереза Меј добија најмногу гласови, но не успеаја да освојат мнозинство во Парламентот.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ