КОП26 повика на намалување на потрошувачката на јаглен и емисиите на штетни гасови

Од:

Новата нацрт конечна декларација од Конференцијата на ОН за климата (КОП26) во Глазгов повикува на понатамошни напори за постепено укинување на јагленот и намалување на емисиите на стакленички гасови.

Од друга страна, во текстот објавен од британското претседателство со КОП26 не се споменува конкретен механизам за компензација на „загубите и штетите“ кои најсиромашните земји веќе ги претрпеле, а и понатаму се изложени на ефектите од глобалното затоплување.

Конференцијата КОП26 требаше да заврши вчера, но не беше постигнат договор за конечната декларација.

По објавувањето на новата верзија на текстот, за денеска е предвидена нова пленарна седница на која ќе се слушнат ставовите на различни групи.

Велика Британија како претседавач со конференцијата изрази надеж дека средбата ќе биде завршена во текот на денот.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера во Глазгов изјави дека не може се да се реши на конференцијата за климата, но барем може да се почне со решавање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

Нов извештај на СМО: Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

Ана Ололовска