Конзервативната водителка на „Фокс њуз“ доби отказ поради коментари за коронавирусот

Од:

Конзервативната водителка на „Фокс њуз“, Триш Реган, доби отказ од телевизијита поради тоа што во неколку своите вечерни емисии пред две недели повикуваше дека ширењето на коронавирусот е „измaма“ на демократите.

Реган се најди на удар на критики од јавноста откако во својата популарна емисија „Триш Реган прајмтајм“, која се емитуваше во текот на неделата во ударен термин навечер, коментираше дека медиумските извештаи за коронавирусот се уште една „импичмент измама“ за „уништување на претседателот Трамп“.

Неколку денови подоцна, од „Фокс њуз“ соопштија дека емисијата на Триш Реган ќе паузира, поради потреба од термин за известување околу пандемијата од коронавирус.

Во соопштението синоќа, телевизијата укажа дека го раскинува договорот со Реган.

-Благодарност за нејзиното учество во програмите на мрежата, и пожелуваме континуиран успех во идните ангажмени, соопштија синоќа од телевизијата

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски