Конзервативците на Меј со најмногу пратеници, загубено досегашното мнозинство

Од:

Британската Конзервативна партија, на премиерот Тереза Меј останува и натаму партија со најмногу пратеници во Долниот дом на Парламентот, но ќе го загуби досегашното мнозинство, покажуваат резултатите од вчерашните предвремени парламентарни избори во Велика Британија, врз оснива на анкетите направени според излезноста на гласачите.

Тоа не се конечни резултати, но заедничкото истражување на агенциите НОП-ИПСОС и МОРИ, направено за трите главни телевизиски станици – Би-Би-Си, Скај и Ај-Ти-Ви, покажуваат дека конзервативците би освоиле 314 пратенички места, или 17 помалку од досега, додека Лабуристичката партија на Џереми Корбин, би имала 266 пратеници, што е за 34 пратеници повеке отколку на претходните избори во мај 2015 година.

За апсолутна победа, што овозможува самостојно формирање на новата британска Влада, потребни се најмалку 326 пратеници, во Парламентот со 650 пратенички места.

Според оваа анализа, Шкотската национална партија (СНП) на Никола Старџен би останала најголема партија во Шкотска, со освоени 34 пратенички места, но би претрпела сериозен удар, во споредба со претходните избори кога оваа партија која заговара независност и напуштање на Обединетото кралство освои 56 од вкупно 59 пратенички места што ги даваат шкотските изборни единици, во британскиот Парламент.

Либералдемократите на Тим Фарон, некогаш уверливо третата политичка сила во Британија, на овие избори напреднаа во однос на 2015 година, добивајќи шест пратенички места повеќе и обезбедувајќи 14 пратеници. Десничарската, антиевропска Партија за независност на Обединетото кралство (УКИП) која го покрена процесот на Брегзит и напуштање на ЕУ, најверојатно нема да има ниту еден пратеник во новиот Парламент. Велшките националисти од партијата Плејд Кимру ќе имаат тројца, Партијата на зелените еден, додека сите други партии би имале 18 пратенички места.

Доколку ваквите предвидувања се покажат како точни, Британија нема да има силен Парламент како што тоа го бараше Тереза Меј, оправдувајќи го решението за предвремени избори, пред да почнат преговорите за Брегзит, што се оценува како силен удар врз престижот на Меј.

Во првата реакција на прогнозите за резултатите од овие избори, кои се појавија на почетокот од броењето на гласачките ливчиња, се истакнува дека Велика Британија со ваквиот изборен резултат ке се најде на „работ од ножот“ .

Претставници на лабуристите и на СНП сметаат дека доколку конзервативците останат без досегашното мнозинство, Меј ќе мора да поднесе оставка.

Лабуристите се во водство во првите шест часови откако се пребројуваат гласовите, а Џереми Корбин, Тереза Меј и Тим Фарон обезбедија места во новиот парламентарен состав, но конзервативците одбиваат да ги коментираат резултатите според излезноста, очекувајќи ги конечните резултати.

На ваквите предвидвања реагираше само лондонскаата девизна берза, според која навестувањето за неуспех на Меј да обезбеди апсолутна победа, веке предизвика пад на британаката фунта.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он