Конзервативците на Меј се спогодија со ДУП за парламентарна поддршка

Од:

Конзервативната партија на премиерот Тереза Меј успеа да постигне договор со северноирската Демократска унионистичка партија (ДУП) за поддршка во Парламентот на малцинската влада на Меј, создадена по изборите од осми јуни.

Според лондонсите медиуми, спогодбата е постигната денеска претпладнево, по последната рунда преговори меѓу двете партии, на која присуствувала и лидерот на партијата на ториевците Тереза Меј.

Даунинг стрит вторпат објавува дека е постигнат договор. Првиот пат, такво соопштение беше објавено само по два дена преговори, но партијата на протестантите – унионисти од Белфаст веднаш тоа го демантираше.

Преговорите меѓу двете партии траеја повеќе од две недели, многу подолго отколку што тоа се очекуваше.

Со договорот за соработка, десетемина пратеници на ДУП во Долниот дом во Вестминстер, ќе и даваат подршка на малцинската Влада на Меј во клучните гласања, како што е гласањето по говорот на кралицата, но оваа мала партија од Белфаст нема да биде дел од некоја формална коалција со ториевците.

Главна тема во преговорите била околу дополнителното финансирањена Северна Ирска од Владата во Лондон.

Британските медими тврдеа дека ДУП ја „уценува“ Меј барајќи екстра две милијарди фунти за покраината, но тоа беше демантирано од Белфаст.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП