Конте: Постепено олеснување на мерките и стимулативен економски пакет

Од:

Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска изјави дека постепено ќе се олеснуваат мерките преземени поради пандемијата на Ковид-19, земајќи ги предвид разликите во нивото на зараза во различни делови на земјата.

Во говорот пред Парламентот, Конте најави нов стимулативен пакет за поддршка на економијата од 15 милијарди евра за компаниите и 25 милијарди евра кои ќе бидат директно исплатени на вработените и самовработените.

– Мерките за изолација донесени на 9 март постепено ќе бидат укинувани од 4 мај во договор со локалните власти, земајќи ја предвид ситуацијата во регионите во кои епидемиолошката состојба е помалку сериозна, рече Конте.

Тој исто така ги предупреди регионите да не ги намлуваат ограничувањата без консултации.

Би можело да ве интересира

Генерален штрајк во Италија, 500.000 луѓе на улица бараат промени во буџетот

Судир на демонстрантите и полицијата на протестот во Торино

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија