Конгресот в среда ги потврдува резулатите од изборите за претседател на САД

Од:

Хина

Новиот состав на Конгресот на САД, конституиран во неделата во Вашингтон во тензична атмосфера околу неизвесноста околу тоа кој ќе има мнозинство во Сенатот и најавата од група републиканци за оспорување на изборната победа на демократот Џо Бајден, ќе одржи седница в среда за да ги потврди резултатите од претседателските избори.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој се уште не ја признава победата на Бајден, го засили притисокот врз партиските колеги во Конгресот во последните денови во очајнички обид на заедничката седница на двата дома на Конгресот, на која се бројат гласовите на Изборниот колеџ, да ја смени изборната победа на демократскиот противник.

Неговите обиди да ги сменат изборните резултати во безброј судски постапки пропаднаа, но и покрај ова тој продолжува да повторува тези за масовна изборна измама без никакви докази.

Сепак, тој успеа да убеди многу Американци во неговите теории на заговор, особено републиканската изборна база, покажуваат анкетите на јавното мислење.

Републиканските кои решија да ја признаат победата на Бајден беа изложени на негови немилосрдни напади на социјалните мрежи, пред се на Твитер, што стана едно од најмоќните оружја

За време на говорот во понеделникот на предизборен митинг во Џорџија за двајца кандидати за Сенат, Трамп се фокусираше на улогата на потпретседателот на САД во процесот на потврдување на резултатите од Изборниот колеџ кој го прогласи Џо Бајден за победник на претседателските избори во САД.

Додека таа улога на Мајк Пенс, како претседател на Сенатот, е церемонијална, Трамп го замоли Пенс да го стори тоа „за нас“. Тој претходно изјави дека сака Пенс да одбие да ја потврди победата на Бајден на седницата на Конгресот.

„Се надевам дека Мајк Пенс ќе го стори тоа за нас, морам да ви кажам“, им рече Трамп на насобраните. „Се надевам дека нашиот голем потпретседател, нашиот голем потпретседател, ќе го стори тоа за нас. Тој е одлично момче. Секако, ако не го направи тоа, јас повеќе нема да го сакам толку”.

Во неделата беше објавено дека американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор побарал државниот секретар на Џорџија, републиканецот Бред Рафенспергер, „да најде“ доволно гласови за поништување на неговиот изборен пораз во таа држава.

Снимка од телефонскиот разговор прво објави Вашингтон пост. Весникот пишува дека Трамп наизменично ласкал, се молел и му се заканувал на Рафенспергер со неопределени кривични последици.

Весникот исто така наведува дека Рафенспергер и неговиот советник во текот на разговорот ги отфрлиле тврдењата на Трамп и му одговориле на претседателот дека се потпира на спорните теории на заговор за изборите што биле фер.

„Видете, се што сакам е ова. Само сакам да најдам 11.780 гласови, што е еден повеќе отколку што имаме. Бидејќи ја освоивме државата”, нагласи Трамп инсистирајќи на тоа дека „нема шанси” да загуби во Џорџија.

Поради тој разговор, двајца демократски пратеници во Конгресот повикаа на покренување кривична истрага против Трамп.

На конститутивната седница во неделата, Претставничкиот дом повторно ја избра Ненси Пелоси (80) за претседател.

Демократската партија беше ослабена од изборите во ноември со загуба на 11 места и сега има само тесно мнозинство од 222 спрема 212 места. Контролата на Сенатот ќе зависи, сепак, од дват избори што ќе се одржат во Џорџија денеска.

Доколку републиканскиот сенатор Дејвид Пердју и републиканскиот сенатор Кели Лофлер победат по истекот на нивниот шестгодишен мандат, нивната партија ќе го задржи тесното мнозинство и ќе има моќ да блокира некои од плановите на Бајден.

За да ги вратат демократите во Горниот дом, нивните кандидати Рафаел Варнок и Џон Ософ мора да ги освојат двете места во Сенатот. Во тој случај, со сооднос 50:50, одлучувачки глас во Сенатот ќе биде оној на потпретседателката Камала Харис.

Поради важноста на изборите за два мандати во Сенатот, ден пред изборите, сегашниот и идниот претседател на САД, Доналд Трамп и Џо Бајден, се приклучија лично на кампањите на кандидатите на нивната партија, со тоа што се појавија на последните митинзи на изборите.

Уставната обврска на Конгресот да ги потврди резултатите од Изборниот колеџ, што инаку е формалност, оваа година се претвора во обид на републиканците лојални на Трамп да ја оспорат победата на Бајден. Нивниот став може да ја комплицира приоритетната задача на eо Бајден: да ја „помират“ Америка со надминување на партиските разлики.

Група од десетина републикански сенатори предводена од Тед Круз објавија дека ќе се спротивстават на признавањето на резултатите од Изборниот колеџ и на Бајден во Конгресот на 6 јануари.

Истото го најавија околу 140 републиканци во Претставничкиот дом, што би значело дека Конгресот може да не ги потврди резултатите од изборите истиот ден, туку еден ден подоцна, затоа што тогаш ќе треба да расправа за приговорите за изборните резултати во секоја држава што ги оспоруваат тие пратеници.

И тие најавија дека ќе ги оспорат резултатите во шесте во кои Трамп е губитник.

Поддржувачите на Трамп најавија протестен марш в среда кога ќе се состане Конгресот за официјално да ја потврди одлуката на Изборниот колеџ.

Десет поранешни американски министри за одбрана во писмото објавено во неделата предупредија дека војската не треба да се меша во обидите на претседателот Доналд Трамп да спречи трансфер на власта на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

„Нашите избори се спроведени. Пребројувањето е завршено. Сите извештаи за потенцијални нерегуларности се решени на суд. Резултатите ги потврдија гувернерите. Избирачите гласаа. Времето да се доведат во прашање резултатите од изборите помина”, се вели во нивното писмо.

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден стапува на должност на 20 јануари.

Би можело да ве интересира

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат

Ана Ололовска

Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД

Ана Ололовска

ВИДЕО: Снимка од моментот кога приврзаниците на Трамп упаѓаат во Конгресот

Предраг Петровиќ

ЖИВО: Полицијата го обезбеди Конгресот, полициски час во Вашингтон

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Трамп: Ги украдоа изборите како никогаш досега

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Трамп повика на протест, неговите приврзаници излегоа на улица

Катерина Павлова-Николовска