Конгресот на САД го усвои буџетот за финансирање на владата

Од:

Двата дома на американскиот Конгрес, Сенатот и Претставничкиот дом, го усвоија компромисниот буџет за финансирање на федералните владини институции, со кој не се предвидуваат средтсва за изградба на ѕид на границата кон Мексико, на што инсистира претседателот на САД, Доналд Трамп.

Буџетот прво беше усвоен во Сенатот со 83 гласови „за“ и 16 „против“, а потоа и во Претставничкиот дом каде „за“ предлогот се изјаснија 300 конгресмени, а 128 беа „против“.

Со Буџетот се обезбедуваат средства за поставување на ограда на американско-мексиканската граница, но не и за изградба на ѕид, што беше едно од главните ветувања на Трамп на изборите во 2016 година.

Пред да стапи во сила и со тоа да биде спречена нова блокада на федералната влада, Буџетот треба да го потпише претседателот Трамп.

Белата куќа најави дека Трамп ќе го потпише усвоениот буџет во текот на денов.

– Претседателот ќе го потпише буџетот за финасирање на Владата, но ќе преземе други извршни чекори, вклучувајќи и прогласување вонредна состојба во земјата за да се спречи хуманитарната криза на границата, соопшти портпаролот на Белата куќа, Сара Сандерс.

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел синоќа исто така најави дека Трамп ќе го потпише усвоениот буџет, но дека сепак можно е да прогласи вонредна состојба за да овозможи финансирање на изградбата на ѕидот на границата кон Мексико.

Во случај на вонредна состојба парите за ѕидот ќе се обезбедат од други извори во федералниот буџет.

Би можело да ве интересира

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Планот на Трамп за Украина ќе започне со притисок врз Москва и Киев да преговараат

Горан Наумовски