Конгресот ја бара личната преписка на првите луѓе на технолошките гиганти во анти-монополска истрага

Од:

Американскиот Конгрес денеска ја побара личната електронска кореспонденција и други документи на првите луѓе на технолошките компании во САД за да истражи дали постои монолизација на пазарот на онлајн услугите во земјата.

Комитетот за правда на Претставничкиот дом на САД побара од Амазон, Фејсбук, Епл и Алфабет (главната компанија под која потпаѓа Гугл), да ги предадат документите до 14 октомври. Конгресмените ги интересира книговодствени документи, електронски пораки и писма, и други и податоци поврзани со клучните деловни решенија и активности на овие компании во можно сузбивање на нивната конкуренција.

Лицата повикани од комитетот се првиот човек на „Амазон“, Џеф Безос, основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, шефот на „Епл“, Тим Кук, како и Лари Пејџ, Сергеј Брин и Ерик Шмит, кои раководеа со „Гугл“ во првата фаза од постоењето на компанијата.

Џери Надлер, претседавач на Комитетот за правда, истакна дека постојат докази дека група на компании „окупирала огромен дел од пазарот со онлајн маркетинг и комуникации“.

Документите што се бараат ќе помогнат во тоа Конгресот да дознае повеќе за можната монополизација на пазарот со онлајн услугите во САД.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност