Конфликтот во Либија ќе се најде на маса пред Советот за безбедност на ОН за Либија

Од:
Советот на безбедност на ОН неделава ќе свика седница за разгледување на резултатите од конференцијата за регулирање на конфликтот во Либија што вчера се одржа во Берлин.
Како што денеска јавија некои медиуми, официјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, Стефан Дјужарик изјави дека во наредните денови генералниот секретар Антониу Гутереш ќе настапи во советот со резултатите од конференцијата.
– Очекуваме дека генералниот секретер утре или задутре ќе го информира Советот за безбедност по барање на неговите членови, изјави Дјужарик.
На 19 јануари во Берлин се одржа меѓународна мировна конференција за регулирање на конфликтот во Либија.
На конференцијата беше донесено коминике потпишано од сите земји учеснички во кое се ставени основните работи договорени за регулирање на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Почна седницата на Советот за безбедност

Седница на Советот за безбедност

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

САД ставија вето на резолуцијата на ООН за Израел и Газа со која се бара прекин на огнот

А1он