Конфликт меѓу израелски војници и Палестинци на светилиште на Западниот Брег

Од:

Вооружени Палестинци пукале денеска на еврејски верници во светилиште на Западниот Брег и раниле офицери и двајца цивили, соопшти израелската војска.

Според палестинската новинска агенција Вафа, повреден е палестински тинејџер од боева муниција, а уште 16 лица со гумени куршуми во конфликт со израелските сили кај градот Наблус на северниот дел од Западниот Брег.

Некои Евреи веруваат дека таму е погребан Јосиф, библиска личност, а Палестинци тврдат дека тоа е гроб на шеик.

Еврејски верници во придружба на израелски војници често го посетуваат светилиштето и се молат.

Израелската војска соопшти дека вооружените Палестинци отвориле оган на стотина еврејски верници. Командантот на единицата се здобил со полесни повреди, а повредени се и двајца цивили.

Во мај, во конфликти со војската кај светилиштето убиен е палестински тинејџер, а повредени се најмалку 15 негови сонародници.

Во април, Палестинци подметнаа пожар во светилиштето, па ги избркаа безбедносните сили. Инцидентот беше осуден од израелски лидери.

Денешниот конфликт е најнов во серија насилства месеци по смртоносните напади во Израел и израелските апсења на окупираниот Западен Брег и убиството на палестинската новинарка на Ал Џазира.

Израел го освои Западниот Брег во војната во 1967 година, Палестинците планираат територијата да биде главен дел од нивната идна држава.

Речиси пола милион еврејски доселеници живеат во над 130 населби на Западниот Брег меѓу три милиони Палестинци, кои се под израелска воена управа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски