Компанијата на Трамп и нејзиниот финансиски директор обвинети за серија криминални дела

Од:

Компанијата на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, „Организација Трамп“, обвинителството во Менхетн синоќа ја обивни за „15- годишна шема за измама“ на властите, а нејзиниот финансиски директор за сериозни кражби и даночни измами.

Според обвинителите, се работи за сериозни напори за сокривање на данокот на доход од даночните служби, јави Вашингтон пост.

Ален Вејселберг, долгогодишен финансиски директор на компанијата на Трамп, избегнал да уплати даноци во износ од над 900.000 долари, со тоа што ја сокрил вредноста на бенефициите што ги добил од компанијата како бесплатен стан, бесплатни автомобили Мерцедес, нов мебел и уплати за школарина за негови блиски. Вејселберг, пред да започне судското рочиште, околу 14:30 часот источноамериканско време, вчера самиот се пријави во полицијата.

Компанијата исто така не ги пријавила овие бенефиции со што му овозможила да избегне уплата на даноци, се вели во документацијата. Се дознава дека други менаџери на „Организација Трамп“, добивале слични бенефиции. Се укажува и дека директорот раководел со шемата заедно со „останати“ лица, но не се откриваат имињата на останатите. Единствен кој засега е обвинет е самиот Вејселберг (73), кој работи во компанијата уште од 1970-те години. Самиот тој се изјасни за невин.

Трамп ја окарактеризира тужбата против неговиот финансиски директор како „срамна“ и „понижувачка“.

Чекорот на обвинителството од Њујорк да заврши со контраверзите околу работата на компанијата на Трамп доаѓа во време кога екс-претседателот почна кампања со политички митинзи. Секако дека тужбите и неповолната судска разрешница би можело да му одземе многу политички поени во претстојниот предизборен период.

Трамп викендов беше во Охајо каде се избира кандидат за републикански сенатор, а денеска замина за Тексас на границата со Мексико каде ја критикуваше актуелната власт на Бајден за затегнатата состојба со илјадниците имигранти кои пристигаат од Јужна Америка.

Јавноста и поддржувачите од него очекуваат објава за можно вклучување во трката за кандидат од републиканците на претседателските избори закажани за 2024 година.

Би можело да ве интересира

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Планот на Трамп за Украина ќе започне со притисок врз Москва и Киев да преговараат

Горан Наумовски

Трамп: Врховниот суд на Аризона отиде предалеку со својата одлука за абортус