Компаниите во САД предупредени на можни кибер напади

Од:

Американските безбедносни агенции денеска ги предупредија приватните компании поврзани со одбранбениот сектор за можни кибер напади „спонзорирани од Русија“.

Федералното биро за истраги, Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за кибернетска и инфраструктурна безбедност регистрирале такви тенденции најмалку од јануари 2020 година до февруари 2022 година, се вели во заедничкото соопштение на американските безбедносни агенции.

Како што беше најавено, тие континуирани упади им овозможиле на хакерите да добијат чувствителни, некласифицирани информации, како и технологија во сопственост на ЦДЦ.

„Добиените информации обезбедуваат значителен увид во развојната рамка и временските распореди за имплементација на платформите за оружје на САД, спецификациите на возилата и плановите за комуникациска инфраструктура и информатичка технологија“, се вели во соопштението.

Агенциите ги повикаа сите приватни компании кои имаат дозвола за пристап, примање или складирање доверливи информации, да ги применат препорачаните контрамерки, без разлика дали има докази дека се загрозени од штетни кибер активности.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност