Комесарот за човекови права повикува на ослободување на притворените имигранти поради кризата со „Ковид-19“

Од:

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, повика на ослободување на притворените имигранти во моментот кога кризата со „Ковид-19“ продолжува, јави дописникот на МИА.

-Ги повикувам сите земји членки на Советот на Европа да ја разгледаат состојбата на одбиените баратели на азил и мигрантите со нерешен статус, кои се наоѓаат во имиграционо задржување и да ги ослободат во максимална можна мерка, вели таа во своето писмено обраќање.

Со оглед на глобалната пандемија на „Ковид-19“, многу земји-членки мораа да го суспендираат присилното враќање на лицата кои веќе не се овластени да останат на нивните територии, вклучително и таканаречените враќања од постапката Даблин, Според неа исто така не не е јасно кога тие би можеле да бидат спроведени.

-Според законот и човековите права, задржувањето на мигрантите, заради враќања во нивните земји на потекло, може да биде законски само доколку тоа враќање може да се направи, вели Мијатовиќ

Оваа перспектива, според неа, не е видлива во многу случаи во моментот. Понатаму, задржувањето на мигрантите и азилантите, општо земено е со лоши можности за социјално растојание и други мерки за заштита од инфекција со Ковид-19 за мигрантите и персоналот.

Во неколку земји-членки на Советот на Европа, е регистрирано ослободување на вака задржаните лица, вклучително Белгија, Шпанија, Холандија и Велика Британија, при што последната земја штотуку најави преглед на состојбата на сите оние кои се во имиграционо задржување.

-Сега е важно овој процес да продолжи и другите земји-членки да го следат тоа. Ослободувањето на најранливите треба да биде приоритетно. Бидејќи имиграцискиот притвор на деца, без оглед дали се придружувани или со нивните семејства, никогаш не е во нивен интерес, тие треба да бидат ослободени веднаш. Властите на земјите-членки, исто така, треба да се воздржат од издавање на нови налози за притвор на лица кои најверојатно нема да бидат вратени во блиска иднина, нагласува Мијатовиќ.

Земјите-членки на Советот на Европа, според комесарот за човекови права, исто така треба да обезбедат дека на лицата ослободени од притвор им е даден соодветен пристап до сместување и основни услуги, вклучително и здравствена заштита. Ова е неопходно за да се заштити нивното достоинство и исто така да се заштити јавното здравство во земјите-членки.

-Ослободувањето на притворените лица од имиграција е само една мерка која земјите-членки можат да ја преземат за време на пандемијата со „Ковид-19“ за да ги заштитат правата на лицата лишени од слобода генерално, како и оние на барателите на азил и мигрантите, вели Мијатовиќ.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски