Комесарката на ОН за човекови права Мишел Башеле нема да се кандидира за нов мандат

Од:

Високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Башеле денеска изјави дека нема да се кандидира за нов четиригодишен мандат по сегашниот, засенет од критиките за нејзиниот одговор на односот на Кина кон Ујгурите и другите муслимански малцинства во регионот Синџијанг.

За време на воведниот говор на летната сесија на Советот за човекови права, поддржан од ОН, Башеле рече дека нејзините денешни коментари ќе бидат „последни што ќе ги кажат“ пред телото на 47 земји-членки.

Портпаролката на Советот за човекови права Равина Шамдасани потврди дека тоа значи дека 70-годишната Башеле, поранешната претседателка на Чиле чиј мандат истекува на 31 август, нема да се кандидира за нов.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој го избира Високиот комесар за човекови права, неодамна ја поддржа Башеле бидејќи таа беше цел на критики од САД и други земји, затоа што наводно не сторила доволно за кршењата на правата во Синџијанг кога ја посети Кина во мај, каде разговараше со највисоките функционери.

По преземањето на функцијата во септември 2018 година, Башеле веднаш изрази надеж дека ќе ја посети Кина за лично да ја истражи ситуацијата со човековите права во Синџијанг.

Нејзиниот кабинет повеќе пати тврдеше дека Башеле и персоналот работат на создавање соодветни услови за посетата на Кина, која беше реализирана дури минатиот месец. Сепак, критичарите велат дека таа не извршила доволен притисок врз Владата во Пекинг за време на посетата.

Башеле инсистираше на тоа дека нејзиното патување во Кина не е „истрага“ и истакна дека отворила канал за комуникација со највисоките кинески власти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска

Русија денеска го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН

Ана Ололовска