Комбе со 52 мигранти проби метална ограда на шпанско-мароканската граница

Од:

Комбе со 52 мигранти со голема брзина удри и ја проби граничната ограда меѓу Мароко и Шпанија со намера да влезе во шпанската енклава Сеута.

Портпаролот на канцеларијата на Министерството за внатрешни работи во Сеута изјави дека возилото ја пробило метална капија од шпанската страна на границата околу три часот по полноќ по локално време.

Засега не е познато дали е пробиена и бариерата од мароканска страна.

Се работи за мигранти од субсахарските земји, од кои 34 се мажи, 16 жени и две малолетни лица. Четворица мигранти се полесно повредени.

Комбето го управувало марокански државјанин кој бил уапсен.

Би можело да ве интересира

Откриена мрежа на интернет-измамници во Шпанија која украла над 500 илјади евра

А1он

Шпанските власти ги затвараат плажите поради ширењето на Ковид-19

А1он

Во Каталонија задолжително носење маска во јавност во сите ситуации

Ана Ололовска

Студија: Шпанија е далеку од „колективен имунитет“

Ана Ололовска

Во каталонската област Сегрија во карантин ставени 200.000 лица

А1он

Шпанија со план за инвестиции од 150 милијарди евра за закрепнување на економијата

Ана Ололовска