Колумна во париски „Ле Монд“: „Русија има способност значително да го дестабилизира Балканот“

Од:

Со поттикнување на националистички тензии и нерешени територијални спорови повеќе од три децении по распадот на Југославија, Москва може да ја блокира секоја перспектива за членство во ЕУ за шесте земји кандидати, анализира економистот Силван Зегни во колумната за париски „Ле Монд“, јави дописникот на МИА.

Руската инвазија на Украина ја зајакна европската решеност да ја брани европската демократија и безбедносна архитектура. Во исто време, многу политичари и академици го свртеа погледот кон Балканот, плашејќи се од руското влијание во регионот погоден од политичка нестабилност, економските проблеми и одливот на мозоци. Ситуацијата е уште позагрижувачка поради постојаните тензии кои сè уште не се решени три децении по распадот на поранешна Југославија, пишува Силван Зегни.

Веројатноста за руска инвазија на Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија – е мала, особено затоа што Албанија, Црна Гора и Северна Македонија се веќе членки на НАТО. Сепак, Русија лесно може да продолжи да го дестабилизира регионот и на тој начин да ги саботира шансите на шесте земји да станат членки на Европската унија, нешто кон што се стремат од 2005 година.

Веќе се покренаа прашања за тоа како Босна и Херцеговина може да стане членка на ЕУ, бидејќи Милорад Додик [член на босанското трипартитно претседателство] ги следи сецесионистичките аспирации поддржани од Русија [за Република Српска на Босна]. Аспирациите на Косово за членство во ЕУ остануваат блокирани со одбивањето на неколку земји – вклучувајќи ги Русија и Србија – да ја признаат неговата независност. Србија, кандидат за членство во ЕУ, продолжува да воспоставува деликатна рамнотежа помеѓу нејзината усогласеност со надворешната политика на ЕУ и нејзините културни и историски врски со Русија, продолжува понатаму францускиот економист,

-Идното полноправно членство на Западен Балкан во ЕУ е во политички, безбедносни и економски интереси на самата Унија. Сепак, постапките мора да ги следат овие зборови. Наместо да се намали главната алатка на политиката за проширување (Инструментот за претпристапна помош), како што беше одлучено за буџетскиот циклус 2021-2027 година, средствата достапни за регионот треба да се зголемат доколку ЕУ сака да покаже вистинска посветеност. По глава на жител, Западен Балкан ќе добие само 500 евра во периодот 2021-2027 година, што не одразува силна посветеност на регионот од страна на ЕУ, смета Силван Зегни.

Дополнително, според овој професор овластен да раководи со истражување на Универзитетот Густав-Ајфел (77) и член е на уредувачкиот одбор на ревијата „Mondes en developpement“

– ЕУ мора да најде трајно решение за актуелниот одлив на мозоци од регионот, кој остави многу балкански земји демографски осиромашени и без економски потенцијал. Според проценките на Светска банка, околу 4,6 милиони луѓе ги напуштиле шесте земји од Западен Балкан помеѓу 1990 и 2019 година, што претставува 25 отсто од населението. Поединците кои заминуваат се високо образовани, либерални млади луѓе кои би можеле да бидат движечка сила во приближувањето на нивните матични земји до европската иднина.

Понатами, според него, ЕУ мора да усвои поцврста и попринципиелна позиција во однос на Русија, која ќе продолжи да ги поткопува европските политики на Балканот и да ја искористи секоја политичка слабост. Ова исто така важи и за Канцеларијата на високиот претставник во Босна и Херцеговина (ОХР), создадена со Дејтонскиот договор во 1995 година, и која Русија отворено се обидува да ја растури. ОХР има за цел да стави спроведување на цивилните аспекти на мировниот договор и поддршка на воспоставувањето на демократски структури.

Поранешниот висок претставник Валентин Инцко воведе законски измени со кои се забранува негирање на геноцидот, предизвикувајќи ја сецесионистичката криза со која се соочува Босна денес, бидејќи многу босански Срби сè уште не го признаваат геноцидот во Сребреница. Оваа одлука направи малку за да го олесни помирувањето и зајакнувањето на демократските структури. Покрај тоа, тоа предизвика негативна реакција од Русија.

-Дури и најоптимистичкиот западен набљудувач би бил принуден да признае дека Русија има способност да поттикне конфликт и значително да го дестабилизира Балканот, регион од зголемено значење за европската безбедносна архитектура. Со поттикнување територијални спорови, поддршка на сецесионистичките политичари и поткопување на демократските институции, Кремљ потенцијално може да го доведе регионот во хаос без да распореди ниту еден тенк, анализира Зегни.

-Од витално значење е ЕУ да ја искористи својата новооткриена доверба во последиците од инвазијата на Украина за да формулира јасна стратегија. Да им се понуди на шесте земји од Западен Балкан остварлив пат кон членство во ЕУ, по 18 години ќор-сокак, ќе помогне да се спречат обидите на Русија да го поткопа напредокот постигнат во регионот во последните три децении, завршува со препорака економистот Силван Зегни во колумната за париски „Ле Монд“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски