Колумбиските вооружени сили се во состојба на воена готовност заради воени вежби на Венецуела

Од:

Колумбиските вооружени сили се во состојба на воена готовност во одговор на венецуелските воени вежби на границата меѓу двете држави што Богота ги смета за отворена закана. Тоа го изјави колумбискиот генерал Луис Наваро.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро нареди воени вежби долж границата, како одговор на, како што рече, колумбиските планови за агресија против Венецуела.

– Бевме отворено загрозени, изјави генерал Наваро пред медиумите, известувајќи дека колумбиските вооружени сили се во состојба на готовност.

Мадуро ја обвини Колумбија дека подготвува напади откако колумбискиот претседател Иван Дуке рече дека социјалистичкиот водач ги брани членовите на бунтовничката Армија на национално ослободување и на членови на ФАРК, кои неодамна ја продолжија вооружената борба.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени