Колорадо ја укина смртната казна

Од:

Колорадо денеска стана 22-та американска држава што ја укина смртната казна.

Гувернерот на државата, Џаред Полис вчера го ратификуваше законот за укинување, велејќи дека „смртната казна не може и никогаш не била спроведена на ист начин низ цело Колорадо“.

Најстрогата казна во таа држава сега ќе биде доживотен затвор без можност за преиначување на казната.

Властите на Колорадо во неколку наврати досега безуспешно се обидоа да ја укинат смртната казна.

Во таа американска држава е спроведена само една смртна казна на затвореник, осуден во 1997 година за силување и убиство.

Минатата година во САД имаше 22 егзекуции, претежно во седум држави. Најголем број осуденици, деветмина, беа погубени во Тексас.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски