Колку треба да бидат Aмериканците исплашени од Исламската држава?

Од:

САД се соочуват со ризично ниво од екстремистички милитанти да возвратат додека Обама наметнува воена моќ во Ирак. Еден брадест маж во маскирна униформа гледа директно во камерата, во раката држи автоматско оружје и злобно се смешка.

– Ќе го подигнеме знамето на Алах во Белата куќа, рече тој.

Ова се зборовите на Абу Моса, офицерот за медиуми во Исламската држава (ИД) кој зборуваше со новинар од Вајс њуз. Ако е ова неговата шармантна идеја за офанзива, ќе му бидат потребни уште лекции за шармирање. Да не направиме грешка: ИД е баш застрашувачка група. Во измнатите шест и повеќе месеци откако групата – која претходно беше позната као Исламска држава во Ирак и Левант, и преку акронимите Идил и Исис – ги раскина врските со Ал Каеда, ги надмина очкекувањата и ги засени свите поранешни постари пратнери.

Почнаа да се одвојуваат територии во Сирија и Ирак, и отидоа многу подалеку и побрзо отколку кој било можеше да предвиди.

Големите градови паѓаа од нејзина контрола: Мосул, Тикрит и Фалуџа беа само некокуте од нив. Администрацијата на Обама одлучно остана по страна, наведувајќи дека нефункционалната ирачка влада која ја носи земјата во амбис треба да почне самата да го решава овој проблем.

– Не можеме да го правиме за нив она што тие немаат воља самите да го направат, рече претседателот за политичките надмудрувања во Ирак, зборувајќи неодамна со новинарот на Њујорк Тајмс, Томас Фридман.

Но не беше така се додека на еден цел народ – на Језидите – не им се закани истребување во планинската област во Ирак, и додека американскиот персонал не беше загрозен во Американскот конзулат во Ербил, па Барак Обама минатата недела даде дозвола за употреба на воена сила во Ирак.

Воздушните напади од минатиот четврток можеби малку ќе ги забават борците, но најверојатно нема да ги сопрат, велат преставници од американската одбрана.

Овие операции предизвикаа бран од обвинувања во САД: Воената акција во Ирак е или премалку или премногу, зависи од која страна од политичкиот спектар се наоѓате.

Имајќи го тоа на ум, да се обидеме да разоткриеме дел од хиперболичката реторика за да видиме колку треба да бидеме загрижени ние во САД.
Дали Исламската држава е егистенцијална закана за САД?

Се чини дека лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади, сака да ги израмни сметките со неговите стари заробувачи уште откако излезе од американски затвор во Ирак во 2009 година.

– Ќе се видиме во Њујорк, беа неговите зборови на заминување, рекоа воени претставници за Дејли бист.

Пет години подоцна, малку нешта го смирија неговиот темперамент. Во јануари тој ги предупреди САД дека војната се приближува.

– Чувајте се, Америко… наскоро ќе бидете внесени во директна конфронтација, рече тој во аудио порака.

Сенаторот Линдзи Греам (републиканец од Северна Каролина) и член на Комитетот за оружени служби во Сенатот, серозно ја сфаќа оваа закана. Всушност, тој е исплашен. Во интервју за Фокс њуз во неделата, тој покажа дека е целонсо на штрек, пр примерот на Хенри Пени, и предупреди дека држава е под сериозна закана.

– Замислувам американски градови во пламен заради способноста на терористите да оперираат во Сирија и Ирак, му рече тој на водителот Крис Волас во неделата. „Претседателе, бидете искрени кон заканата со која се соочуваме. Тие доаѓаат“.

Греам можеби е најфренетичен од сите кои ги предидуваат судниот ден, но не е и осамен.
Пратеникот Питер Кинг (републиканец од Њујорк) исто зборуваше за катастрофа во емисијата „Мит д прес“ на Ен-Би-Си.

– Како што минува секој ден, Идил го гради својот калифат и станува директна закана за САД. Тие се сега помоќни отколку што беше Ал Каеда на 9/11… Тој ден загинаа мои колеги сенатори и избирачи. Не сакам истото да се повотри, му рече Кинг на водителот Дејвид Грегори во неделата.

И двајцата пратеници повикуваат на директна воена акција против Исламската држава, исход кој може да биде политички проблематичен.

Една анкета во јуни направена од Вашингтон пост и Еј-Би-Си њуз открива дека помалку од половина од испитаниците, или 45 проценти, го подржуваат започнувањето на воздушни напади против сунитските екстермисти во Ирак, и дека само 30 проценти подржуваат распоредување на копнени сили.

Вистински трик ќе биде да се пронајде средина помеѓу предупредувањата на Греам за „егзистенцијална закана“ и мириљубивата и незаинтерсирана акција на Обама. „Исламската држава не е `егзистенцијална закана` за САД“, рече Шади Хамид, висок член во Институтот Брукингс. „Тоа не е ниту една терористичка група, ако буквално го земеме значењето на оваа фраза“.

Но тој додаде и дека тоа не значи САД да ја гледаат оваа криза незаинтересирано.

– Во моментов, Исламската држава е повеќе фокусирана на блискиот непријател, рече тој. „Но нема причина да се мисли дека тие во иднина нема да го свртат својот фокус“.
Дали постои зголемен ризик за терористички напад дома?

Не е во прашање само тврдата линија со која републиканците алармираат. Највисоките личности во администрацијата, како што се Џон Кери и Чак Хејгел, исто изразија загриженост за идните цели на ИД.

– Ќе продолжиме да се координираме со нашите сојузници во регионот и со меѓународната заедница, за да им помогнеме на Ирачаните да се изборат со бруталната идеологија на Идил, која претставува страшна закана за Ирак, за регионот, и за САД, рече државниот секретар Џон Кери на 2 август во Кабул, Авганистан. Министерот за одбрана Хејгел, исто ја наведува заканата од ИД за националната безбедност. Во говор во поморска база во Џорџија во јуни, тој беше цврсто уверен во врска со опасноста.

– Државава не смее да направи никаква грешка во врска со ова, ниту пак било кој во Конгресот. Ова е закана по нашата земја. Ова е сила која е софистицирана, динамична и силна, организирана и добро финансирана, и способна, рече Хејгел.

Но заканата не е непосредна, вели Мајк Мрел, поранешен вд.директор на Циа и безбедносен аналитичар за Си-Би-Ес њуз. Ќе треба барем една година додека ИД може да стане некаква реална закана за САД, рече тој, но се подлабокото вовлекување на земјата во Ирак сепак го зголемува ризикот.

– Тоа е една од последицицте од вовлекувањето на САД, рече тој за Си-Би-Ес во јуни. „Што поеќе видливо се вовлекуваме во помагње на ирачката влада да се бори против овие момци, толку повеќе самите стануваме нивна цел“.

Дали владата прави доволно за одржување на безбедноста на Американците?

По 9/11, според некои проценки американската влада потроши речиси 770 милијарди долари на мерки за спречување на уште едне напад. Беше формиран Оддел за Домашна безбедност (ДХС), Администрација за безбедност во сообраќајот, и беше донесен Патриотскиот закон, кој на владата и дава практично непречен пристап во приватниот живот на граѓаните, се во име на безбедноста.

Агенциите за безбедност тврдат дека спречиле дузина напади, но се уште нема проценки за тоа.

Спречени беа катастрофи, како што беше „бомбашот со долен веш“ Умар Фарук Абдулмуталаб, кој неуспешно се обиде да сруши авион на Божик во 2009 година. Нападот беше спречен, не од Домашната безбедност, туку од еден загрижен патник кој не беше платен по шест милиони долари на час колку што добиваат во ДХС.

Борците за граѓански слободи се спротивставуваат на Патриотскиот закон уште од неговото донесување во 2001 година, веднаш по нападите од 9/11.

Не треба да се биде радиклален во длабинското следење, во деталните пребарувања на аеродромите, и преку знаците за Големиот брат со кои и се наредува на јавноста: „Ако видите нешто, кажете што сте виделе“.

Општо земено, Американците се претпазливи и соработуваат во безбедноста на земјата.
Можеби малкумина ќе го загубат мирниот сон заради судбината на Доналд Реј Морган, американецот кој твитна подршка за исламските екстремисти. Тој беше уапсен на аеродромот ЏФК во Њујорк на 2 август, под обвнение за „нелегално поседување на огнено оружје“.

Во наслов во Си-Ен-Ен беше опишано пстоечкото јавно мислење: „Маж беше уапсен по прекуокеански лет, обвинет заради симпатизерство кон Идил“, иако портпарол на ФБИ за медиумите изјави дека Морган не е обвинет за тероризам.

Јасно е дека стравот постои, и дека е нездраво е и немудро да се изразува поддршка за докажаните злосторници, како што е Исламската држава. Сега дури и можете да бидете уапсени за тоа. Останете да не следите.

Глобал Пост – Вашингтон

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад