Колку е богат Владимир Путин?

Од:

Иако рускиот претседател Владимир Путин ги негира гласините на „Зуст“, сепак се повеќе се верува дека тој е еден од најбогатите луѓе во светот, кој освен своето нафтено богатство, ги ужива и привилегијите на шеф на руската држава.

Во еден извештај со саркастичен наслов „Животот на еден роб“ , како што и самиот Путин се опиша себеси како претседател, руските опозиционери пишуваат дека „привилегиите на претседател екстремно се зголемени“, во последните 12 години, односно од почетокот на првиот претседателски мандат на Путин и тоа – палати, јахти и луксузни автомобили.

Како што пишува американскиот весник „ Njujork tajms“, рускиот претседател има пристап до најмалку 20 резиденции, меѓу нив Константиновата палата, комлекст од царскиот период на Русија, за чие реновирање беа потребни десетици милиони долари, вила на Кавказ, како и палата во готски стил во Москва.

Шефот на руската држава поседува и 15 хелихоптери, четири огромни бродови и 43 авиони, вклучувајќи го и главниот претседателски авион „Илјушин“ чија внатрешност е обложена со злато.

Во извештајот се вели дека само авионите чинат околу една милијарда долари, а сето тоа се случува во „земјата каде што повеќето луѓе едвај сврзуваат крај со крај“.

„Неговиот начин на живот би можел да се спореди со животот на еден монарх од Персискиот залив“, велат авторите на извештајот приложувајќи овде и фотографии од Путин со различни вредни часовници, чија вкупна вредност им е 687.000 долари, сума шест пати повисока од претседателовата годишна плата.

Авторите на извештајот, Борис Немцов, поранешниот заменик-премиер, неколкупати апсен под различни обвиненија и Леонид Мартинјук, член на движењето „Солидарност“, не му посветуваат внимание на личното богатство на Путин, но укажуваат дека тоа можеби и не толку колку што повеќето луѓе мислат.

Двајцата опозициски лидери објаснуваат дека „причина за жестоките аспирации на Путин секогаш да биде на власт, се атмосферата и луксузот кои тој ги користи и категорично одбива да ги сподели со другите.“

Самиот портпарол на Путин, Дмитриј Песков, одговори еднаш на прашање на новинар дека резиденциите, авионите и автомобилите се државна сопственост која претседателот според закон има право да ја користи.

Сепак во неколку наврати, Путин покажа дека неговата страст кон часовниците и не толку голема, а тој воопшто не е себичен, па им подари по еден свој часовник на луѓе кои стоеја до него. Така еден работник и неколку момчиња си добија часовници вредни околу 9.000 долари.

Самиот претседател никогаш не се извини за тоа што ги ужива привилегиите од претседателската функција, бидејќи, како што рече во 2008 година, осум години работел како роб, од утро до вечер.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска