„Кока-Кола“ конечно го призна она што сите го знаевме

Од:

Сенди Даглас пие пo една „Кока-Кола“ секој ден.

– Понекогаш попладне пијам „Кока-Кола Зеро“, но никогаш уште една „обична“ бидејќи содржи премногу калории. Тоа е мојот дневен режим, вели Сенди.

Да се работеше за некој друг, ова ќе беше сосема неважна вест, но Сенди Даглас е претставник на „Кока-Кола“ за Северна Америка, пишува „Бизнисвик“.

Оваа информација очекувано се прошири по медиумите во САД, поради тоа што ова е вторпат некој од шефовите на компанијата да се осврне на здравствените проблеми што ги предизвикува нивниот производ.

Потсетуваме, претставникот на компанијата за Европа, Џејмс Куансеј, минатата година призна дека „Кока-Кола“ предизвикува гојазност, откако еден новинар го соочи со фактот дека во една лименка има „шест коцки шеќер“.

Сепак, ова не треба да биде премногу изненадувачко, бидејќи компанијата веќе некое време се бори со падот на продажбата и со спречување на проблемите кои се штетни по здравјето, а „Кока-Кола“ ги негира.

Решението на компанијата е – да се врати „Кока-Кола“ во помали пакувања, со што ќе предизвикува помалку вина кај купувачите.

Би можело да ве интересира

Кока-Кола отсега ќе се пакува во шишиња од рециклирана пластика

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Дознајте ги фактите што претходно не сте ги знаеле за Кока-кола

А1он

Акциите на Кока-Кола 100 години на берза

„Пепси“ и „Кока Кола“ ќе го намалат шеќерот во своите пијалаци и ќе го ограничат рекламирањето

Ана Ололовска

Романија мета на критики поради спонзорство од „Кока-Кола“

Кварталните приходи на Кока Кола ги надминаа проценките на Волстрит

Наум Локоски

Leave a Comment

three × 5 =