Која е вистината за смртта на Гадафи?

Од:

Новите докази за убиството на соборениот либиски диктатор Моамер Гадафи отвораат нови прашања за околностите на неговата смрт, соопшти Хјуман Рајтс Воч (HRW).

dobivaj vesti na viber

Пред годишнината од смртта на Гадафи, кој е фатен и убиен на 20-ти октомври под неразјаснети околности, HRW објави извештај од 50 страни, насловен „Смрт на диктаторот: Крвава одмазда во Сирт”, каде што детално се опишуваат последните часови на Гадафи.

„Резултатите на нашата истрага отвораат прашања во врска со изјавите дека Гадафи е убиен во престрелка со бунтовниците“, изјави Питер Баукарт, HRW.

Врз основа на информациите до кои дошле HRW, припадниците на опозицијата по кратка постапка убиле најмалку 66 членови на конвојот на Гадафи, фатен во Сирт. На некои од убиените, рацете им биле врзани.

На собраните видео материјали и фотографии снимени со мобилни телефони, се гледа како борците ги злоставуваат заробениците од конвојот на Гадафи.

За околностите во кои умрел Гадафи, HRW ги испрашувал претставниците на бунтовниците кои биле присутни во акцијата, како и неговите приврзаници, кои го преживеале нападот врз конвојот.

Гадафи најпрво бил ранет во експлозија на рачна бомба, која експлодирала на само неколку метри од него додека се обидувал да побегне од својот дом во Сирт.

Потоа бил заробен од страна на бунтовниците, а починал откако од грб бил прободен со бајонет, поради што искрварил и умрел во тешки маки. Според извештајот на Хјуман Рајтс Воч, поранешниот диктатор најверојатно бил мртов кога еден од бунтовниците истрелал куршум во неговото чело.

Резултатите од истрагата на HRW, се предадени на властите во Либија и повторно е апелирано власта да спроведе сериозна истрага за масовните убиства на 20-ти октомври 2011-та година.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Либанските штедачи насила си ги земаат заробените пари од банките

Турција и Либија потпишаа енергетски договор, Грција и Египет го оспоруваат

Катерина Павлова-Николовска

Најмалку 13 загинати во судирите во главниот град на Либија

Улични борби во Триполи

ОН го осудија упадот на демонстрантите во парламентот на Либија во Тобрук

Ана Ололовска

Демонстранти упаднаа во зградата на либискиот парламент во Тобрук

Ана Ололовска