Кои земји во Европа „водат“ во вакцинацијата против коронавирусот

Од:

Експертите се јасни – единствениот начин да се излезе од кошмарот наречен коронавирус е да се вакцинираат што повеќе луѓе.

Откако се одобрени неколку вакцини против вирусот, европските земји, кои меѓу првите стигнаа до вакцините, ја забрзуваат иминузацијата.

Велика Британија е првата земја во Европа што започна со вакцинација против коронавирусот, а на крајот на декември започна кампањата и во земјите-членки на ЕУ. Меѓу првите што ги примија вакцините беа и земји кои не се членки на Унијата, како Швајцарија и Србија.

Но, која земја постигнува најдобар напредок? Euronews објави како изгледа ситуацијата во Европа, а податоците беа собрани од официјални владини извори и извештаи од медиумите.

Нема збирни податоци за вакцините и тие не се објавени од сите земји во оваа рана фаза.

Исто така, постои можност некои податоци да не се точни, бидејќи некои држави може да пријават вакцинација како примање на единечна доза, додека други ги бројат и двете дози, за да се создаде имунитет против Ковид-19. Податоците се до вчерашниот ден, па бројките веројатно се зголемени во последните неколку часа.

Табелата содржи податоци за вакцинација, вакцинација на 100 000 жители, целосна вакцинација (две дози) и целосна вакцинација на 100 000 жители.

Како што може да се види на картата, Велика Британија сè уште е водечка во оваа „трка“, па досега има искористено повеќе од 2,8 милиони вакцини, додека околу 412 лица примиле целосна вакцинација.

На второ место е Италија, која вакцинираше нешто повеќе од 800.000 луѓе.

Следува Германија, со повеќе од 688 000, Шпанија со повеќе од 488 000 и Полска со повеќе од 309 000 вакцинации.

Хрватска е водечка во регионот, со околу 30 000 вакцини. Словенија има искористено повеќе од 24.000 вакцини. Иако на табелата пишува дека Србија дала 9.300 дози, според српски Телеграф досега вакцинирала повеќе од 16.000 лица.

Во некои земји вакцинацијата сè уште не е започната, додека претставникот на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, потврди дека за 36 дена биле дадени околу 28 милиони дози вакцина против коронавирусот во 46 земји, од кои дури 38 се богати држави.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он