Климатските промени виновни за исчезнување на 14 проценти од коралите во светот

Од:

Околу 14 проценти од коралите во светот исчезнале меѓу 2009 и 2018 година поради климатските промени, прекумерниот риболов или загадувањето, соопшти Светската мониторинг мрежа на корални гребени (GCRMN).

Состојбата на светските корални гребени од 2020 година нуди најточна научна проценка за штетата на коралните гребени, предизвикана од зголемените температури, се вели во соопштението на мрежата.

Податоците за извештајот беа собрани од 12.000 локации во 73 земји.

„Коралните гребени ширум светот се загрозени од глобалното затоплување и други локални притисоци, како што се прекумерниот риболов, неодржливиот развој на крајбрежјето и намалувањето на квалитетот на водата“, наведоа од GCRMN.

Помеѓу 2009 и 2018 година, светот загуби речиси 14 проценти од своите корали, повеќе од сите моментално живи корали во Австралија, според GCRMN.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

Нов извештај на СМО: Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

Ана Ололовска