Климатските промени штетно влијаат и врз светската економија

Од:

Консултантската компанија „Мудис аналитикс“ (Moody’s Analytics) анализира дека климатските промени ќе создадат штети врз економијата во светот за 69 билиони долари до 2100 година при зголемување на температурите за два степени Целзиусови.

Според експертите, при зголемена температура од 1,5 степени штетите ќе бидат 54 билиони долари. Повисоко ниво на зголемени температури означува и поголема штета, најавуваат од компанијата.

Во извештајот се додава дека зголемувањето на температурите ќе нанесе штети врз здравјето и продуктивноста на работниците и се почестите природни катастрофи ќе наштетат критично врз инфраструктурата – како врз куќи и бизнис згради.

„Мудис аналитикс“ нагласуват дека „климатските промени не се нешто што се случува одеднаш туку стануваат се потешки во секоја измината година“. Најтешко погодена држава ќе биде Саудиска Арабија, чиј бруто домашен производ ќе се намали за повеќе од 10 отсто до 2048 година, поради намалената побарувачка на нафта и природен гас.

Од 12 најголеми економии во светот, Индија според предвидувањата ќе биде најпогодена.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска