Кличко: Руските планови за заземање на Киев никогаш нема да се реализираат

Од:

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко денеска изјави дека плановите на руските окупатори да го заземат Киев никогаш нема да се остварат.

Кличко изјавата ја даде за Current Time, платформа создадена од Радио Слободна Европа, заедно со Гласот на Америка.

-Денеска можам јасно да кажам: плановите на Русите да го заземат Киев не се реализираат. Тие никогаш нема и да бидат реализирани! Дури и ако успеат да добијат контрола над некои згради, тие нема да го освојат нашиот народ. Киев не се само зградите, пред сè, се работи за луѓето, рече тој.

Според него, напаѓачите се обидуваат да посеат паника во градот, но ефектот се покажува спротивен.

-Луѓето се лути и полни со омраза и бараат одмазда, рече Кличко.

Укринформ, претходно објави дека утринава била гранатиран и делумно урнат 12-катен станбен блок во киевскиот кварт Шевченкивски. Според првичните информации, во нападот се повредени две лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин