Кличко: Путин сака да умреме, да смрзнеме или да избегаме од нашата земја

Од:

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги предупреди жителите дека треба да бидат подготвени да го напуштат градот во случај на целосен прекин на електричната енергија.

Во последните недели милиони Украинци беа без струја и вода, бидејќи руските воздушни напади беа насочени кон клучната енергетска инфраструктура, јавува Би-би-си, а 40 отсто од енергетскиот систем на Украина е уништен или оштетен поради руските напади врз електрани и далноводи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија би можела „да ги концентрира силите на масовни напади врз инфраструктурата, особено енергијата“.

„На Путин не му требаме ние, Украинците. Му треба територија, му треба Украина без нас“, изјави Кличко.

„Затоа сè што се случува – сите напади на критичната инфраструктура – е геноцид. Намерата на Путин е ние да умреме, да смрзнеме или да нè принуди да избегаме од нашата земја за да ја има“, додава тој.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ