Кличко: „Окупираните територии повеќе не се Украина“

Од:

Териториите кои станаа дел од Русија повеќе не и припаѓаат на Украина, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, а пренесе ТВ Киев 24.

„Гласање? Оние територии што се окупирани повеќе не се Украина и нема да има претставници“, рече Кличко.

Вака ја коментираше можноста за одржување избори во земјата во услови на војна. Според него, не е јасно како Киев ќе ги земе предвид овие територии.

Дополнително, Кличко нагласи дека одржувањето на изборите во сегашните услови „ќе доведе до распад на Украина, бидејќи политичарите ќе почнат да се борат меѓу себе за власт“.

Одржувањето избори во Украина за време на воена состојба е забрането, но таква можност постои, доколку парламентот ги поддржи соодветните измени на законот.

Би можело да ве интересира

Уништена „Црна вдовица“

Предраг Петровиќ

Шолц му вети на Зеленски продолжување на воената помош

ВИДЕО: Голем пожар во складише за нафта во областа Ростов по украински напад со дронови

ВИДЕО: Нов напад на Киев, остатоци од руски дрон паднаа на детска клиника

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски