Кличко: Околу 80 проценти од домаќинствата во Киев се без вода и струја

Од:

Околу 80 проценти од домаќинствата во Киев се без вода и струја по вчерашниот руски ракетен напад, јави ДПА, повикувајќи се на властите.

dobivaj vesti na viber

-Сите општински служби работат на обновување на снабдувањето со електрична енергија и вода во Киев што е можно поскоро, изјави Виталиј Кличко, градоначалникот на овој тримилионски град.

Во вчерашниот руски ракетен напад погодени се телевизиската мрежа, електропреносната мрежа и водоснабдувањето. Во моментов, електричните автобуси не сообраќаат поради недостиг на електрична енергија, а возовите на метрото сообраќаат само на секои 10 минути.

Владините претставници ветија дека до утринава ќе го обноват снабдувањето со електрична енергија и вода.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мистериозни експлозии во руските воздушни бази: „Оштетени се моќните бомбардери“

А1он

Кличко: Нема да дозволиме Путин да ни го украде Божиќ, во Киев ќе има новогодишни елки

А1он

Во Киев вонредни исклучувања на струјата

Вонредни исклучувања на струја низ цела Украина

А1он

Киев: Русите во Украина оштетиле околу 32 илјади цивилни објекти

А1он

Тревога во Киев по голем број експлозии: Прекини на струја и во Молдавија

А1он