Кличко нов градоначалник на Киев

Од:

Витали Кличко ќе биде нов градоначалник на Киев.

Според прогнозите, по одржаните избори за градоначалник на Киев, повеќекратниот светски боксерски првак Витали Кличко добил околу 57,4 проценти од гласовите.

42-годишниот Кличко трет пат се кандидираше за функцијата, претходните два пати, во 2006 и во 2008 година загуби на гласањето. Освен тоа, неговата партија Удар, според сопствени наводи, со освоени околу 40 проценти гласови е најсилната партија во киевскиот совет.

Петро Порошенко, кој според прогнозите, во првиот круг ги доби потребните гласови на претседателските избори во Украина, му ја честиташе победата на својот сојузник Кличко.

Би можело да ве интересира

Кличко повторно жестоко го критикуваше Зеленски: „Војната е изговор за централизација на Украина“

А1он

Кличко: Експлозии на периферијата на Киев

Кличко: Украина оди кон авторитаризам, ќе биде иста како Русија

„Сакам да го нокаутирам Путин“

Кличко: Колапс на украинската енергетска инфрасктуктура може да се случи во секој момент

Кличко му одговори на Зеленски: Нема да бидам вовлечен во политички игри