Кличко и Шевченко кандидати за пратеници

Од:

Витали Кличко сака да го оствари во Украина она што му успеа на Арнолд Шварценегер во САД – да направи сериозна политичка кариера. Неговата партија би можела да биде трета по бројот на приврзаници во земјата.

Патот на синот на советскиот воен офицер и учител до светскиот боксерски трон беше долг. Витали Кличко е роден во 1971 година во централно азиската Република Киргистан. Боксерските ракавици прв пат ги ставил на 13 годишна возраст. Во 1996 година Кличко со својот брат Владимир се преселил во Германија, каде и двајцата се најдоа на врвот на светската боксерска сцена.

Имено, тој до сега не може да се пофали со никакви големи политички успеси. Својот интерес за политика го пројавил во 2004 година, кога за време на Портокаловата револуција застана на страната на прозападно ориентираниот украински кандидат Виктор Јушченко и подоцна стана негов советник. Обидот како челник на една партиска коалиција да влезе во украинскиот парламент пропадна, како и неговиот обид да стане градоначалник на Киев. Му успеа само со една фракција да влезе во градското собрание.

Сега конечно би можел да го оствари првиот голем политички успех. Во 2010 година својата малку позната партија „Нова земја“ ја промени во „УДАР“ – по што стана двојно повеќе популарен во Украина. Гласачите се обидува да ги привлече со едноставна порака: „Време е за УДАР“, а својата партија ја гледа како партија на „десниот центар“.

Анкетите велат дека Кличко го поддржуваат голем број од младите избирачи во градските средини. Според најновите истражувања на јавното мислење, партијата на Кличко по бројот на следбеници е третата партија во земјата, за 15 отсто зад втората партија, во која е и поранешната премиерка Јулија Тимошенко, која моментално е во затвор. Владеачката партија моментално зад себе има 23 отсто од избирачкото тело.

Уште еден познат украински спортист, 36-годишниот Андреј Шевченко  е вклучен во опозицијата и ќе се обиде да влезе во парламентот.

Би можело да ве интересира

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси