Кличко главен кандидат на опозицијата на изборите во Украина

Од:

Светсткиот шампион во бокс Виталиј Кличко ќе ја предводи опозициската партија „Удар“ на претстојните парламентарни избори во Украина, закажани за 28 октомври.

Тој ќе биде главен кандидат на „Удар“, согласно одлуката донесена на вчерашниот конгрес на партијата, на кој 620 членови гласаа за него, а еден беше „против“.

Познатиот спортист и најави на владејачката Партија на регионите на претседателот Виктор Јанукович „остра, но фер предизборна кампања“.

Според најновите истражувања „Удар“ на парламентарните избори би освоила околу десет отсто од гласовите.

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот