Кириакидес: Од ЕМА утре очекуваме нови препораки за „Астра Зенека“

Од:

Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, утрово одговараше на прашања на европратениците од комисијата за јавно здравство на Европскиот Парламент, јави дописничката на МИА од Брисел.

Таа соопшти дека побарала од Европската агенција за лекови (ЕМА) да излезе со подетални препораки за употребата на вакцината на „Астра Зенека“ откако Агенцијата потврди дека оваа вакцина може во многу ретки случаи да предизвика многу сериозни случаи на згрутчување на крвта во мозокот, абдоменот и артериите.

Откако ЕМА тоа го потврди, секоја земја членка на ЕУ донесе свои одлуки за употреба на вакцината, некои ја забранија под одредена возраст, некои целосно, а некои не воведоа никакви ограничувања.

Агенцијата не даде прецизни информации за тоа дали одредени групи имаат поголем ризик од други. Пред неколку дена ЕМА исто така потврди дека постои поврзаност помеѓу вакцината на „Џонсон и Џонсон“ со случаи на тромбози.

-Потребен ни е кохерентен пристап, ЕМА даде мислење за „Џонсон и Џонсон“ и видовме дека некои земји членки заземаа построги позиции за „Астра Зенека“, поради ова побарав од ЕМА да излезе со ново научно мислење за Астра Зенека и очекувам утре да кажат што да се прави со втората доза вакцина, како и информации за родовите и возрасните аспекти, изјави денеска Стела Кириакидес.

Еврокомесарката за здравство се осврна и на стратегијата за вакцинација на деца.

-Треба да имаме вакцини адаптирани за децата, ова е многу важна област, но не можам за сега да коментирам за деталите, додаде главната одговорна за здравство во Европската Комисија.

Што се однесува до набавката на вакцини, таа ги увери европратениците дека и покрај слабостите во првиот квартал од оваа година, ситуацијата се подобрува и се очекуваат најмалку 300 милиони дози во вториов квартал, од кои 250 милиони од „Фајзер“, 35 милиони од „Модерна“, 55 милиони од „Џонсон и Џонсон“ и 70 милиони од „Астра Зенека“.

-Бројката за „Астра Зенека“ е значително пониска од тоа што било начелно предвидено, потврди Кириакидес.

Таа ги истакна и позитивните последици од досегашната вакцинација во ЕУ и потсети кај населението што е целосно вакцинирано се забележува значителен пад на хоспитализациите и морталитетот.

Би можело да ве интересира

Организации на потрошувачи: ЕМА да се ангажира повеќе околу недостигот на антибиотици

Ана Ололовска

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

ЕМА: Не знаеме какви соеви на Ковид-19 ќе се појават зимава

А1он

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

Одобрена вакцина против мајмунски сипаници

ЕМА се надева дека до септември ќе ги одобри прилагодените вакцини за омикрон сојот

А1он