Кирби: САД со сите сили и помагаат на Украина да ја поправи својата енергетска мрежа

Од:

САД со сите сили помагаат да ги рестартираат основните енергетските постројки во Украина, сега кога доаѓа зимата, а Русите продолжуваат со нивните напади, за народат да може да ја помине зимата, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на националниот совет за безбедност во Белата куќа.

-Ги правиме сите возможни напори да ја поправиме електро-мрежата на Украина со набавка на тренсформатори и останата опрема за да се ублажи постоечкта криза во снадбување со електрична енергија и затоплување, а поради руските ракетни напади, рече тој на денешниот брифинг за новинарите.

„Ние не гледаме изгледи дека тие имаат намери да престанат со таквите напади“, изјави Кирби.

Тој додаде дека САД од повеќе причини немаат намера да ја назначат Русија за државен спонзор на тероризмот, а една од нив е дека меѓународните хуманитарни организации во тој случај би имале тешкотии со дистрибуцијата на помошта во Украина..

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Леденa бура направи хаос во САД, откажани летови, сообраќајки, затворени училишта

Катерина Павлова-Николовска

САД го блокираат влезот на Косово во Советот на Европа

Амбасадата на САД во Турција ги предупреди Американците на можни напади во Истанбул

Ентони Блинкен пристигна во посета на Каиро

Ана Ололовска

Укината специјалната единица во Мемфис чии членови до смрт претепаа афроамериканец

Ана Ололовска

ВИДЕО: Тројца загинати во пукање во Лос Анџелес

Ана Ололовска