Кипарската Влада одвои 50 илјади евра за Организациите за заштита на животните за грижа на бездомните кучиња и мачки

Од:

Владата на Кипар денеска одобри 50 илјади евра помош за Организациите за заштита на животните што се грижат за бездомните кучиња и мачки, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката ја соопшти Министерот за земјоделство, рурален развој и животна средина на Кипар, Костас Кадис, кој рече дека владата ја препознала важната улога на конкретните организации, а поради вонредните мерки за забрана на движењето на граѓаните, организациите се соочуваат со проблеми во грижата за бездомните животни.

Додава дека превентивните мерки на владата влијаат и на можностите за вдомување, особено од странство.

-Со зголемувањето на бројот на животните кои остануваат во стационарите, како и на бездомните животни на кои им е потребна грижа, значително се зголемуваат и трошоците на организациите за заштита на животните. Земајќи го предвид она што го споменав, Советот на министри денеска одобри вонреден дополнителен грант од 50 илјади евра за организации за заштита на животните, што се однесува на доделување средства за снабдување со храна за животните, со цел непречено да продолжи грижата за бездомните кучиња и мачки од локалните организации за заштита на животните, рече надлежниот Министер.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар