Кипар тврди дека Турција го прекршува меѓународното право при потрагата по нафта и гас

Од:

Кипар денеска ја обвини Турција за прекршување на меѓународното право со започнување операции близу тој остров, во потрага по нафта и гас.

„Фактот дека овие нови нелегални активности беа објавени во истиот ден кога стапи во сила новата рамка на санкции на ЕУ, е манифестација на екстремно и провокативно непочитување на меѓународното и европското право“, се вели во соопштението на кипарското претседателство.

Европската унија неодамна претстави систем за воведување санкции на Турција поради тоа што неовластено спроведувала дупчења во Средоземното Море близу Кипар заради експлоатација на гас.

Санкциите вклучуваат забрани за патувања и замрзнување на средства за луѓе и субјекти, како што се компании или организации, а на граѓаните и компаниите од ЕУ ќе им биде забрането да им даваат средства.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски