Кипар ја враќа задолжителната маска на затворено

Од:

Од петок на Кипар се враќа задолжителната маска во затворените простори, откако кипарската Влада на денешната седница го прифати предлогот на Министерството за здравство за враќање на конкретната мерка, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката доаѓа поради зголемениот број случаи на Ковид-19 во изминатите денови, а според податоците од Министерството за здравство на Кипар од 25 јуни до вчера биле регистрирани 19.503 позитивни случаи од вкупно 147.623 тестови со 13 отсто стапка на позитивност.

Од Министерството соопштуваат дека маската ќе биде задолжителна за сите над 12 годишна возраст, а за непочитување на мерката предвидена е казна од 300 евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска