Кинезите го прегрнуваат стариот непријател

Од:

Фајненшел тајмс – Лондон

Ли Хјуин скокнува на нозе, се исправа и го подига бастунот.

– Ја подигаш пушката, цврсто ја држиш и ја насочуваш кон целта, вели тој нишанејќи прво на десното, потоа на левото око, како што бил обучуван кога куршумите биле ретки и бесценети.

Деведесет и едно годишниот ветеран го притиска бастунот кон рамото, го подвиткува показалецот и имитира притискање на орозот.

Ли последен пат бил сведок на воени дејствија во 1944 година, кога бил во составот на кинескиот експедициски корпус испратен да ја заземе планинската граница помеѓу Кина и Бурма, со што се сврте текот на војната во континентална Азија.

Поразот на јапонските сили таму од копнени сили, командувани од кинеските националисти Гоминдан, дошол од кинеските доброволци од странство и американските пилоти од Летечките тигри, кои овозможија да биде отворен патот кон Бурма, и во континентална Кина да доаѓаат стоки.

Седумдесет години по капитулацијата на Јапонија, Кина почна да го признава придонесот на „ветераните“ како Ли, откако со децени ги дискредитираше војниците на Гоминдана кои подоцна беа поразени во кинеската граѓанска војна.

Плановите на Пекинг за воена парада на 3 септември за одбележување на 70-та фодишнина од капитулацијата на Јапонија, вклучуваат само еден претставник од Тајван, каде по поразот Гоминдана создава конкурентска влада по 1949 година. Одлуката поранешниот претседател националист Лјан Чан да присуствува на парадата предизвика спорови во Тајван.

Малите чекори за признавање на придонесот на Националистичката партија – пред две години, на пример, ветерани од Гоминдана добија право на пензии и да учествуваат на одбележување на годишнини – се смета за начин на притсок врз Тајван за да се убеди да се обедини со континентот.

-Постигнат е вистински напредок во последниве две години, вели Сун Чунлун, поранешен новинар чија хуманитарна фондација организира собирање подароци и посети за близу 7,200 ветерани од Гоминдана кои сеуште живеат во Кина. „Ако се надеваме да се помириме, треба пообјективно да гледаме на историјата“.

Веќе седум децении, Кинеската комунистичка партија се претставува себеси за победник во војната, со тоа што ја минимизира улогата на Гоминдана. Во 2006 година, додаток во еден дневен весник беше затворен затоа што објави прво призинание во масмедиумите дека десетици илјади војници од Гоминдана загинале во битките со јапонците. Дури ова лето, на рекламни флаери за документарниот филм „Декларацијата од Каиро“ за средбата во 1943 година помеѓу Френклин Рузвелт, Винстон Черчил и генералисимо Чан Каиши од Гоминдана, на местото на Чан Каиши беше вметнат претседателот на ККП, Мао Цетунг.

– Комунистичкиот режим се обидува да се претстави како главната сила против Јапонците, што не е точно, вели Џорџ Цаи, политиколог од Тајван.

Во извесна мера, Комунистичката патија и го должи своето владеење на јапонската окупација на Кина, која завршила во 1945 година. Антијапонските напади на Мао Цетунг од неговата база во Јунан, далеку од фронтот, и дадоа на ККП легитимност меѓу пошироките народни маси и комунистичка контрола над индустријализираниот североисток, откако јапонското повлекување и помогна на партијата да ја добие граѓанската војна.

Офицерите и војниците кои останаа во континентална Кина „го понесоа бремето на историските промени“, вели Син. Во комунистичките чистки на почетокот на 50-ите години, се проценува дека се егзекутирани еден милион подржувачи на Гоминдана. Тие повторно станаа мета за време на Големиот скок помеѓу 1951 и 1961, и на анархијата за време на културната револуција помеѓу 1966 и 1976 година. Многу преживеани сега живеат во изолација, најмногу заради своето политичо минато, без да имаат право на брак и на тој начин лишени од деца кои би се грижеле за нив на стари години.

Исклучок е јунанското село Тинчун, каде скромни гробишта на обраснато со борови брдо е единствениот меморијал за војниците од Гоминдана. Тука помирувањеето е полесно, затоа што регионот не бил погоден од жестоката граѓанска војна, а ветераните од Гоминдана, како што е Ли, биле почитувани као „стари војници“.

Посетители кои одраснале со приказните за подвизите на комунистичката армија, „доаѓаат тука и многу се изненадуваат“, вели Бај Шаочин. Неговото локално историско друштво се натпреварува со времето за да ги запише имињата и спомените на остарените локални ветерани.

Во спомен салата во Тинчун детално се опишани битките кои Ли ги преживеал против јапонските сили кои ги окупирале најдалечните реони на Кина и дивизиите на Гоминдана кои се обидувале да ги задржат надвор од северна Бурма. Тука исто се признава постоењето на „жените за задоволства“ кои сексулно ги опслужувале јапонските војници, бунтовничките локални милиции, и трудот на кинеските работници кои ги расчистувале џунглите и кршеле камења за да го градат патот кон Бурма.

Еден од тие работници е 94-годишпниот Сјуи Бунцзен, кој на 16-годишна возраст бил приморан да реди чакал по калливиот пат во џунглата. Сјуи на крајот му се приклучил на локален батаљон и вадел инструменти од американски авиони кои биле урнати додека го прелетувале „Сртот“ помеѓу Индија и престолнината на националистите Чункин. Тој гордо покажува фотографии на воени аташеа од САД кои го посетувале за да му заблагодарат за улогата при спасувањето на пилот од Летечките тигри.

-Треба да ги најдеме нештата кои не обединуваат, вели Сјуи имајќи го на ум Тајван. „Почитта кон нас е начин да бидат почитувани и сите оние кој загинаа“.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија