Кинеските хакери ги напаѓаат компјутерските мрежи на Ватикан

Од:

Кинеските хакери во последните неколку месеци извршиле серија кибер напади врз компјутерските мрежи на Ватикан, наведува весникот „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на податоци на американската компанија за компјутерска безбедност „Рекордед Фјучр“ (Recorded Future).

Нападите се регистрирани во пресрет на следната рунда разговори, закажани за септември, за назначување нови епископи во Кина,од страна на папата Франциск, појасни весникот.

Според „Њујорк Тајмс“, експертите за компјутерска безбедност наведуваат дека од мај годинава кинеските хакери, кои се директно поврзани со властите во Пекинг, извршиле неколку кибер напади. Нивни цели биле компјутерските мрежи на Ватикан, како и тренинг мисијата на Светиот престол, која, според весникот, „де факто ги претставува интересите на Ватикан во Хонг Конг“.

Весникот не прецизира дали криминалците успеале да добијат пристап до какви било класифицирани информации.

Долго време во Кина постои хроничен недостиг од епископи. Според статистичките податоци, до 2019 година околу една третина од 98-те католички епархии во континенталниот дел на земјата немаат епископи. Многу од луѓето, кои ги заземаат највисоки позиции во црковната хиерархија, се стари и се подготвени да заминат во пензија. Оваа состојба има негативен ефект врз активностите на црквите. Во Кина има вкупно околу 6,5 милиони католици, 7.000 свештеници и околу 6.000 цркви признати од папата.

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски