Кинескиот претседател го бојкотира Зеленски, тој го покани во Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани кинескиот претседател Си Џинпинг да ја посети Украина, објави утрово Асошиетед прес.

„Подготвени сме да го пречекаме овде“, рече Зеленски во интервју за новинската агенција.

Си не разговарал со Зеленски од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година, но Кина минатиот месец објави план од 12 точки за „политичко решение на украинската криза“.

Си разговараше за конфликтот со „неговиот драг пријател“, рускиот претседател Владимир Путин, за време на државната посета на Москва минатата недела, иако разговорите не покажаа напредок за тоа како да се стави крај на војната.

Кинескиот предлог вклучува повик за деескалација и прекин на огнот во Украина.

Но, САД го отфрлија предлогот, велејќи дека Кина нема кредибилитет бидејќи одби да ја осуди Русија за нејзината инвазија на Украина. Соединетите Држави велат дека прекинот на огнот во овој момент ќе ги консолидира руските територијални придобивки и ќе и даде на војската на Путин повеќе време да се прегрупира.

Украина го поздрави дипломатскиот ангажман на Кина, но Зеленски рече дека ќе ги разгледа мировните решенија само откако руските трупи ќе ја напуштат украинската територија.

Би можело да ве интересира

Британец ослободен од затвор и се вратил да се бори на страната на руската армија, неговиот татко „згрозен“

Зеленски побара помош од САД против рускиот „воздушен терор“

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам