Кинескиот Парламент го донесе спорниот закон за национална безбедност на Хонг Конг

Од:

Кинескиот Парламент денеска го донесе Законот за национална безбедност за Хонг Конг, но тој се уште не е објавен во службените гласила, јави кабелска телевизија од Пекинг, пренесена од британските медиуми.

Неидентификуван извор за ТВ станицата кажал дека кинескиот Парламент законот го донесел едногласно.

Набргу откако локалните медиуми соопштија дека Пекинг го донел законот со кој ќе се донесат најрадикалните промени во Хонг Конг од враќањето во кинеското владеење, активистот Џошуа Вонг изјави дека се повлекува од функцијата шеф на својата демократска група Демосисто.

Вонг изјави дека очекиува тој да биде „главна цел“ на Закон за национална безбедност, од кој критичарите стравуваат дека ќе ги урниса слободите во поранешната британска колонија.

Јапонија, исто така, изрази жалење за усвојувањето на законот, истакнувајќи дека тој го поткопува кредибилитетот на формулата за управување „една земја, два система“.

Тајванската Влада денеска ги предупреди своите граѓани за ризикот од посети на Хонг Конг. Новиот закон „сериозно ќе влијае врз слободата, демократијата и човековите права во Хонг Конг“, се вели во соопштението на тајванскиот владин кабинет. Оттаму се додава дека тие ќе продолжат да им даваат помош на граѓаните на Хонг Конг.

САД вчера почнаа со отстранување на посебниот статус на Хонг Конг според американскиот закон, запирајќи го извозот на одбранбени средства и ограничувајќи го пристапот до високо технолошки производи.

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, зборувајќи на нејзината редовна прес-конференција, рече дека не е соодветно да се коментира законодавството со оглед дека состанокот во Пекинг се уште трае, но затоа се осврна на потезите на Вашингтон.

-Ниту една форма на санкционирање никогаш нема да не заплаши, рече Лам.

Пекинг вели дека законот, што доаѓа како одговор на минатогодишните чести насилни продемократски протести во Хонг Конг, има за цел да се бори против субверзијата, тероризмот, сепаратизмот и договорите со странските сили.

Кинеската агенција Ксинхуа објави некои одредби од зкаонот, вклучително и дека тој ќе го замени постојното законодавство во Хонг Конг, додека моќта на толкување му припаѓа на највисокиот комитет на кинескиот Парламент.

Очекувањата сега се дека Пекинг ќе формира канцеларија за национална безбедност во Хонг Конг, што ќе ја „надгледува, води и поддржува“ градската влада. Пекинг, исто така, во одредени случаи ќе може да ја преземе надлежноста.

Би можело да ве интересира

Евакуација на населението во источна Кина поради тајфунот Хагупит

Ана Ололовска

Трамп ќе преземе мерки против кинеските компании, размислува и за забрана на „Тик Ток“

А1он

Кина испраќа медицински персонал во загрозениот Хонг Конг

А1он

Во Кина 49 новозаразени со коронавирусот

А1он

Хонг Конг ги одлага изборите поради коронавирусот

А1он

Фаучи: Се сомневам во руската и кинеската вакцина

А1он