Кинеската канцеларија на „Амнести интернешнел“ била цел на кибер напади

Од:

Кинеската канцеларија на Амнести Интернешнел соопшти дека неколку години била цел на кибер напади и смета дека групата која е виновна за нападите е поврзана со кинеската Влада.

Организацијата информира дека првите податоци за компромитирање на системот пристигнале на 15 март, кога канцеларијата решила да ја префрли информатичката структура на побезбедна меѓународна мрежа како дел од планирана надградба.

Амнести повикала тим експерти за да го испита случајот.

– Странските кибер експерти успеаја да најдат поврзаност меѓу инфраструктурата што се користела во тој напад и во претходните кои беа поврзани со кинеската Влада, соопшти организацијата.

Амнести одби да ја именува групата која е виновна за нападот, затоа што истрагата се уште трае, но додаде дека во подоцнежна фаза ќе го објави и техничкиот извештај.

– Според нашите кибер експерти, нападите биле постојани и се случувале веќе неколку години, изјави Ман-кеј Там, директор на канцеларијата на Амнести Интернешнел во Хонг Конг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер ја погоди границата меѓу Киргистан и Кина

(ВИДЕО) Голем пожар во Кина, загинаа најмалку 15 лица, 44 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Товарен брод во Кина удри во мост, има мртви: автомобили и автобус паднаа во реката