Кинеска провинција забранува продажба на автомобили со фосилни горива, ќе промовира електрични возила

Од:

Островот Хаинан во Јужното Кинеско Море ќе стане првиот кинески регион што ќе ја забрани продажбата на автомобили на бензин и дизел за да се намалат емисиите на јаглерод кои влијаат на климатските промени, јави агенцијата Анадолија.

– Продажбата на автомобили со фосилни горива ќе биде забранета до 2030 година, а електричните возила ќе се промовираат со даночни олеснувања и проширување на мрежата за полнење, соопштија локалните власти на презентацијата на „Планот за имплементација на јаглеродниот врв“.

Кина во последните неколку децении поминува низ најтопло и најсушно лето, што резултира со намалување на резервоарите што се користат за производство на хидроенергија.

Според планот, во Хаинан до 2030 година 45 отсто од пазарот ќе се состои од електрични автомобили. Се вели дека градовите ќе развијат „зони со нулта емисија“ во кои ќе бидат забранети возилата со фосилни горива.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина дете откако мина осум часа во врел автомобил

Горан Наумовски

Искршен автомобилот на Митева од ВМРО-ДПМНЕ

А1он

Падна возило во река во Прилеп – спасени две лица

А1он

ЕП забрани продажба на нови бензински и дизел-автомобили што испуштаат јаглерод

Повреден возач откако излетал со автомобилот од пат

Најстари патнички возила во ЕУ возат Литванци и Романци, најнови во Луксембург

А1он