Кинеска компанија доби 66 милиони евра за развој на вакцина за Ковид-19

Од:

Кинеската компанија Кловер Биофармацјутикалс Инк доби 66 милиони долари од Коалицијата за иновативна подготвеност на епидемии (ЦЕПИ), која е составена и финансирана од влади и филантропски здруженија, за да го охрабри откривањето на вакцина за Ковид-19.

Во април, ЦЕПИ и даде на таа кинеска компанија почетни 3,5 милиони американски долари, по најавеното партнерство меѓу двете страни.

ЦЕПИ е основана во Осло во 2017 година како одговор на новите епидемии. Организацијата е поддржана од 14 влади и разни фондации, како што се Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс или британскиот Велком траст.

ЦЕПИ, исто така, инвестираше големи суми пари во други фармацевтски компании кои работат на вакцина на Кковид-19, вклучувајќи ги и Иновио Фармасјутикалс, Модерна Инк и Новавакс Инк.

Би можело да ве интересира

Во светот над 62,5 милиони луѓе се инфицирани со Ковид-19

Ана Ололовска

Ковид-19 може да влијае и врз губење на забите

Ана Ололовска

Луѓето со одредена крвна група поотпорни на Ковид-19

Ана Ололовска

Во Косово 14 починати, 639 се новозаболени од Ковид-19

Ана Ололовска

Во Албанија 545 новозаразени, 397 оздравени и 16 починати од последици од Ковид-19

Ана Ололовска

Нов негативен рекорд во Грција со 121 починат од последици од Ковид-19

Ана Ололовска