Кина забрани увоз на свинско месо од Германија

Од:

Кинеските власти забранија директен и индиректен увоз на свинско месо од Германија по откривањето на африканска свинска чума во таа земја, се наведува во заедничкото соопштение на Генералната управа на царина на НР Кина и Министерството за земјоделство и рурални региони.

„На 10 септември беше регистриран првиот случај на африканска свинска чума кај примероци од дива свиња во сојузната држава Бранденбург, Германија. Со цел да се спречи увозот на болеста во Кина, забранет е целиот увоз на свинско месо од Германија”, се вели во соопштението.

Новите мерки стапија во сила од моментот на објавување на соопштението на 10 септември. Производите пријавени за увоз во Кина од Германија по овој датум мора да бидат уништени. И стоката испратена во Кина пред 10 септември мора да претрпи зголемена царинска контрола и карантин.

На 10 септември германската министерка за храна и земјоделство Јулија Клокнер потврди дека е забележан првиот случај на африканска свинска чума во германската држава Бранденбург, близу границата со Полска. Според неа, болеста е пронајдена кај мртва свиња.

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас