Кина за пет дена за Ковид-19 ќе тестира град со 9 милиони жители

Од:

Кина од денеска почнува да спроведува масовна кампања за тестирање на Ковид-19 во градот Чингдао, во кој живеат околу девет милиони луѓе.

Масовното тестирање се спроведува откако беа регистрани шест лица заразени со новиот коронавирус, што предизвика страв од повторно ширење на епидемијата.

Според локалните здравствени власти тестирањето во шест квартови на Чингдао ќе се изврши во следните три дена, додека тестирањето на сите жители на градот ќе биде спроведено за пет дена.

Според нив се уште не е откриен изворот на зараза, а се претпоставува дека инфицираните се поврзани со болницата во која се лекуваат пациенти од Ковид-19.

Приморскиот град Чингдао е познат по пивото Тсингтао, според старата транскрипција на името на градот. Секоја година во Чингдао се одржува фестивал на пивото. И оваа година во август се одржа Фестивалот на пивото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер ја погоди границата меѓу Киргистан и Кина

(ВИДЕО) Голем пожар во Кина, загинаа најмалку 15 лица, 44 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Товарен брод во Кина удри во мост, има мртви: автомобили и автобус паднаа во реката